На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана му се заканува казна доживотен затвор.
-Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува Ора њуз.
Тој со рафал од автоматска пушка најпрво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, на која таа сакала да и стави крај, а потоа и нејзината сестра Кристина.
Според полицијата пред неколку години Перпарим го сменил презимето од Тела во Адеми. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите, по што се дал во бегство, но по неколку часа беше приведен и го призна делото.
Пресудата треба да биде соопштена на 7 јули 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.