Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција. На 56-годишната Бруни и се заканува затворска казна поради притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Николас Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News.
Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој вклучен во постапката освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година.
Според исказот на сведокот Зиад Такиедин Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи. Никола Саркози ја негира вината во овој случај. Тој веќе е осуден во два други случаи,.
Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна.
Неговите адвокати поднесоа жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во Франција, и додека жалбата е во тек, Саркози не може да биде затворен според француските закони. Обвинителите тврдат дека тој за изборната кампања потрошил речиси двојно повеќе од законската сума од 22,5 милиони евра. Имено, Саркози потрошил 42,8 милиони евра. Тој загуби од Франсоа Оланд.
Во одделен случај во 2021 година, 69-годишниот поранешен француски претседател беше прогласен за виновен за корупција и трговија со влијание. Тој е првиот поранешен француски претседател во модерната историја кој е осуден на затвор за злосторства извршени за време на неговиот претседателски мандат. Тој се повлече од активната политика во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.