На италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Крозето му се слошило во вторникот на состанокот на Врховниот совет за одбрана и бил пренесен во болница со амбулантно возило, јавуваат италијанските медиуми.
Општата слабост е причината поради која Крозето беше хоспитализиран вчера попладне, по вторпат за три месеци, пишува италијанскиот весник „Месаџеро“.
Тој бил однесен во болницата „Сан Карло ди Нанси“ во Рим, истата установа каде што бил лекуван во февруари поради перикардитис.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на Крозето од италијанското министерство, ниту од болницата во која се лекува, но според изворите, тој на средбата се пожалил на болки во градите, а по консултација со лекар е донесена одлука да патува со приватно возило до кардиолошкото одделение во римска болница, пишува „Месаџеро“.
На 13 февруари Крозето сам се пријавил во истата медицинска установа, исто така жалејќи се на болки во градниот кош и во таа прилика му е констатирано перикардитис, а бидејќи лекарите не констатирале никакво оштетување на срцето, бил отпуштен само неколку дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.