Властите во американската сојузна држава Флорида егзекутираа маж кој беше осуден на смрт речиси 40 години, откако сексуално нападнал и убил две жени.

„Двејн Овен (62) доби смртоносна инјекција и прогласен е за мртов во 18:14 часот во затворот Рејфорд“, изјави портпаролката на државниот казнено-поправен дом.

На судењето, Овен го призна убиството, како и други напади.

Адвокатите побараа Овен да биде поштеден од смртна казна поради неговата психичка состојба, но барањето на одбраната беше одбиено.

Овен е 12-тиот осуденик погубен од почетокот на годината во Соединетите Американски Држави, само во четири држави – Тексас, Оклахома, Мисури и Флорида



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.