На меѓународната донаторска конференција за Украина, одржана во главниот град на Полска, Варшава, се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува „Ројтерс“.
Собирот се одржа на Националниот стадион во Варшава, а домаќини беа полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Минатиот месец, Меѓународната донаторска конференција во Варшава ја заврши глобалната кампања „Стани за Украина“, која собра 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарди евра за раселените лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.