Европската полициска агенција „Европол“ соопшти дека во рамки на меѓународна операција, на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа.
Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од „Европол“ во врска со операцијата во која учествувале полициските служби на 28 земји.
Регистрирани се 2.500 нелегални влегувања на територијата на Европската Унија и запленети се 106 парчиња огнено оружје. Запленети се и 304 килограми хероин, 147 килограми канабис и 1,3 килограми кокаин.
Балканската рута преку која илјадници транспортни возила влегуваат на територијата на Европската Унија, активно се користи за илегална трговија со луѓе, огнено оружје и дрога до европските земји, посочуваат од Европол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.