Американските „демократски“ медиуми водат вистинка хајка против Такер Карлсон кој направи интервју со претседателот на Русија Владимир Путин. Медиумите во САД тврдат дека Такер во Москва спиел во луксузниот хотел „Риц“ каде ноќевање чини 1000 долари.

Покрај тоа се тврди дека не смеел да прави вакво интервју бидејќи Путин ќе го искористел за пропагандни цели.

Интервјуто треба да биде емитувано денеска.

Најсилна критика упати новинарката на CNN познатата Кристијан Аманпур која се „прослави“ со непрофесионалните прилози во војната во поранешна Југославија.

 

Дали Такер навистина мисли дека ние новинарите не се обидуваме да го интервјуираме претседателот Путин секој ден од неговата инвазија на Украина? Тоа е апсурдно – ќе продолжиме да бараме интервју, исто како што правевме со години“, напиша Кристијана Аманпур

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.