Припадници на руската Национална гарда открија голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции, соопшти прес-службата на Националната гарда.
Благодарение на навременото откривање на складиштето, Националната гарда ги наруши плановите на украинските националисти за ненадеен напад врз конвоите на руските трупи, наведува прес-службата.
За време на претресот и извидувањето, припадниците на Националната гарда открија голема залиха оружје и муниција на диверзантско-извидувачката група на украинските сили за специјални операции во областа Изум во регионот Харков, се вели во соопштението. При претрес на упориштето на украинските сили во шумската област, припадниците на Националната гарда пронајдоа два турски, два шведски и три американски противтенковски ракетни фрлачи.
Во магацинот се наоѓало и големо количество борбена опрема и резерви на храна за неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.