Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници.

Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците, се вели во соопштението на Мосад објавено од кабинетот на израелскиот премиер.

„Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран со цел да го ескалира конфликтот во регионот“, се додава во соопштението, објавено неколку часа по масовниот напад од Техеран, кој лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел, без да предизвика значителна штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.