Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпеље, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар, соопшти владата на департманот Еро.

„Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпеље по полуфиналето на Светското првенство беше донесено во болница во тешка состојба, но подоцна почина“, се вели во соопштението на локалната власт.

Како што е соопштено, автомобилот кој учествувал во инцидентот бил пронајден во близина на местото на несреќата, а полицијата во моментов врши увид.

Откако француската фудбалска репрезентација го совлада Мароко со резултат 2:0, избувнаа нереди во неколку француски градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.