Властите на Молдавија најавија дека ќе набавуваат енергија од ЕУ, но се покажа дека рускиот гигант има поповолна цена.
„Гаспром“ би можел повторно да стане единствен снабдувач на гас за Молдавија, доколку таа земја успее да добие од рускиот енергетски гигант цена која би била поповолна од снабдувањето од ЕУ, изјави во интервјуто молдавскиот министер за енергетика Виктор Парликов. со „ТВ Публика“.
Министерот рече и дека територијата контролирана од Кишињев преминала на увоз на гас од ЕУ во 2022 година, откако „Гаспром“ го намалил снабдувањето на земјата за околу 30 отсто. До отцепениот самоуправен регион Придњестровје се испраќаат до 5,7 милиони кубни метри дневно.
Руската компанија намалувањето го објасни со одбивањето на украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ да обезбеди услуги за испорака на гас преку влезната точка Сорановка.
„Ќе биде донесена прагматична одлука: или ќе купуваме гас од Гаспром, бидејќи е по многу конкурентна цена, или ќе најдеме поевтина алтернатива“, рече Парликов.
Тој додаде дека дневните количини од 5,7 милиони кубни метри ќе бидат доволни за производство на електрична енергија и на левиот и на десниот брег на реката Днестар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.