Претседателката на Молдавија, Маја Санду, соопшти дека земјата ќе воведе вонредна состојба и дека е подготвена да прифати десетици илјади лица од соседна Украина.
Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка – изјави Санду.
Молдависките медиуми објавуваат дека десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдовија.
Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот – соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.