Молдавија се појави како земја-кандидат да претседава со самитот на ОН за климата следната година, а Србија исто така ја разгледува позицијата, според упатени извори, пренесуваат британските медиуми.

Понудите на двете земји се обид за решавање на геополитичкиот конфликт кој го остави КОП29 без домаќин.

Земјите од источноевропскиот регион, кој треба да го произведе следниот домаќин на годишниот самит на ОН и да го преземе претседавањето од Обединетите Арапски Емирати, не успеаја да се договорат за кандидат.

Според упатствата на ОН, претседавањето со КОП ротира меѓу пет глобални региони, а на земјите во одреден регион е едногласно да одлучат кој ќе ја преземе таа улога. Земјата која претседава со КОП игра клучна улога во водењето на разговорите меѓу речиси 200 земји присутни на годишните разговори за климата на ОН и обично истата земја ја презема улогата на претседавач и домаќин на самитот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.