Околу 20.000 луѓе учествуваа на пропалестинскиот митинг во Мелбурн, Австралија, соопшти локалната полиција.

Собирот помина мирно без никакви проблеми и апсења, изјави началникот на полицијата Адам Вест.

Рекорден број демонстранти го запреа сообраќајот во центарот на Мелбурн. Учесниците на митингот носеа транспаренти на кои пишуваше „Правда за Палестина“ и „Албанес, не можеш да се скриеш, ти поддржуваш геноцид“ (Ентони Албанес е премиер на Австралија).

Тоа беше шести австралиски протест против војната во Појасот Газа оваа недела. Пропалестински митинзи се одржаа во петокот навечер во Аделаида, а вчера во Сиднеј и Бризбејн. Денеска пропалестински митинзи имаше и во Перт и Бризбејн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.