Името на Роуан Аткинсон беше споменето во Домот на лордовите, горниот дом на дводомниот парламент на Британија, за негово наводно влијание врз продажбата на електрични автомобили во Обединетото Кралство.
Британскиот актер и комичар, кој е најпознат по улогата на Мистер Бин, со која ја освои публиката ширум светот, во јануари годинава наполни 69 години, а деновиве неговото име не се споменува во контекст на успешната кариера, туку поради изјави кои ја разбрануваа јавноста.
Имено, Аткинсон објави колумна во „Гардијан“ за електричните возила во која, меѓу другото, таквите автомобили ги нарече измама и ја критикуваше употребата на литиумските батерии, повикувајќи ги луѓето да продолжат да го возат автомобилот што го имаат што е можно подолго, со што суптилно им порача да не купуваат возила на струја.
Поради тоа, неговото име се спомна во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот дводомен парламент, кога организацијата „Зелена алијанса“ го обвини за бавната продажба на електрични автомобили во Велика Британија, за што известуваа и светските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.