Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска започна програма за помош на Украинците по пукањето на браната Нова Каховка, изјави директорот на агенцијата Рафаел Роси, додавајќи дека ќе дојде во Украина „во наредните денови“ на чело на мисијата што ќе пружи помош, јави Си-Ен-Ен.
Според Роси, тој во таа прилика ќе му претстави план за помош на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Овие мерки се одговор на молбите за меѓународна помош од Киев, по катастрофата предизвикана од пукањето на браната на реката Дњепар.
Шефот на МААЕ ќе ја посети и нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, и која добива вода за ладење на реакторите од блиската термоцентрала, која црпи вода од резервоарот за вода во близина на пробиената брана Каховка.
Водата за ладење е од суштинско значење за безбедноста на електраната.
Роси рече дека мисијата ќе користи нуклеарна технологија за да го процени интегритетот на критичната инфраструктура во централата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.