Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ја повика Белорусија да не „учествува“ во руската офанзива во Украина, бидејќи Киев тврди дека Русија ја користи белоруската територија за својата инвазија.
Апелирам до Белорусија и нејзиниот народ. Имате избор да не ја следите деструктивната акција на Русија. Имате избор да не учествувате во оваа непотребна трагедија против вашите соседи во Украина – рече европскиот функционер.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека белоруската армија не учествува во руската инвазија на Украина.
Русија синоќа почна напад врз Украина откако рускиот претседател Владимир Путин најави специјална воена операција за одбрана на сепаратистите.
На 10 февруари во белоруска територија почнаа заеднички воени вежби на големи единици на армиите на Русија и Белорусија, а пред четири дека Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека маневрите ќе продолжат поради зголемувањето на воените активности во близина на границата и влошувањето на ситуацијата во Донбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.