Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин и рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, разговарале за „намалување на ризикот долж границите на Украина“.

На 6 јануари 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин остварија телефонски разговор. Разговараа за безбедносни прашања од заеднички интерес – соопштија од руското Министерство за одбрана.

Разговорите на министрите се одржуваат во рамки на подготовките за состанокот на Советот Русија-НАТО што ќе се одржи на 12 јануари во Брисел. Освен тоа, на 10 јануари Женева е домаќин на руско-американските разговори за безбедносните гаранции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.