Министерството за финансии на САД во октомври одбило кибер напади од руска хакерска група. Како што објавија од финансискиот орган, инцидентот не предизвикал прекини и потврдил дека преземените мерки за засилување на кибербезбедноста на министерството се ефективни.

Нападите биле во форма на дистрибуиран отказ на служба (DDoS) и се случиле неколку денови по сличните напади на руската хакерска група „Килнет“ на американски фирми од финансискиот сектор.

Тогаш била нападната мрежната инфраструктура на „JPMorgan Chase Со.“, но банкатa не соопшти дали имало последици по нејзината дејност.

Во согласност со новите процедури донесени од администрацијата на пртседателот Џо Бајден, Министерствотo за финансии ги предалo ИП адресите користени во нападите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.