Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија.
Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите.
„Покрај тоа, вооружените сили на Украина успешно ги погодија јуришните авиони Су-25, системот за воздушна одбрана Оса и два МЛРС ‘Град’ на руската армија. Целата оваа опрема е уништена“, соопшти украинското Министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.