На американскиот министер за одбрана Лојд Остин му бил дијагностициран рак на простата.

На министерот за одбрана Лојд Остин во декември му беше дијагностициран рак на простата и беше подложен на минимално инвазивна процедура за лекување. Министерот Остин без проблем се опорави од операцијата и следното утро се врати дома. Ракот на простатата му е откриен рано, а неговата прогноза е одлична“, се вели во изјавата.

Остин потоа беше хоспитализирам на 1 јануари „со компликации од процедурата на 22 декември, вклучително и гадење со силна болка во стомакот, колкот и нозете“, изјавија официјалните лица.

Откако во јавноста стигна информацијата дека Остин е хоспитализиран, настана скандал бидејќи никој од највисоките функционери – дури ни самиот американски претседател Џо Бајден – не знаел ништо за неговата состојба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.