Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, соопшти дека еден чувар бил убиен при упадот и дека уште тројца вработени во затворот се ранети.

Тој истакна дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни.

Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, но многу од нив беа вратени – додаде Белгоре.

Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.