Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која се приклучи на сè поголемиот број Италијанци кои летуваат во Албанија, лично се погрижи да биде платена сметката во локален ресторан откако група нејзини сонародници избегале без да платат.
Мелони со семејството помина неколку дена во Албанија како гостинка на албанскиот премиер Еди Рама, но кога веста и видео снимка дека неколку Италијанци избегале без да платат во градот Берат стана вирална на социјалните мрежи, таа му наредила на италијанскиот амбасадор да ја плати сметката..
„Одете и платете ја сметката за овие идиоти, ве молам“, ја цитирал албанскиот премиер Еди Рама италијанската колешка за „La stampa..“ Италијанскиот министер за земјоделие, кој исто така бил во Албанија оценил дека се работи за национална гордост.
Таа се понуди да ја плати сметката. „Амбасадорот беше на пат назад за Тирана и можеше да го направи тоа. Неколку нечесни индивидуи не смеат да ја посрамотат целата нација“, изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.