Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руската војна во Украина „постигнува мир според условите на Москва“ и додаде дека Западот долго време има за цел да ја уништи Русија.

Русија спроведува специјална воена операција во Украина и постигнува мир според нашите услови – порача тој, пренесе „Би-би-си“.

Медведев тврди дека војната во Грузија во 2008 година, проширувањето на воената алијанса на НАТО на запад и војната во Украина се дел од обидот на САД и нивните сојузници да ја уништат Русија.

Целта е иста цело време, да се уништи Русија – нагласи Медвдев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.