Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера гласаше со поддршка од двопартиското мнозинство за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај жестокото противење на некои републиканци.
Пакетот од четири нацрт-закони сега оди во Сенатот, кој е мнозински контролиран од демократите и донесе слична мерка пред повеќе од два месеци.
Сенатот треба да гласа за него следната недела, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за негов потпис. Покрај 60,84 милијарди долари за Украина, законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот.
На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој на Телеграм рече дека се очекува одобрување на американската помош за Украина.
Се заснова на русофобија. Ние, секако, ќе бидеме победници без разлика на крвавите 61 милијарда долари, кои најмногу ќе ги проголта нивниот ненаситен воено-индустриски комплекс“, напиша Медведев на Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.