Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се потсмева на посетата на неколку европски лидери на Киев, нарекувајќи ги бескорисни во твит со исмејување на националните стереотипи.

„Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев“, напиша тој на англиски, алудирајќи на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментално е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот Твитер профил ги исмева изјавите на европските политичари.

Посетата на лидерите „нема никаква корист“, напиша тој. „Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од вотка (украински алкохол) и патуваа со воз, како пред 100 години“. „Да, тоа нема да ја приближи Украина до мирот. Часовникот отчукува“, напишал тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.