На Украина сега ќе и биде тешко да влезе во Европската унија без согласност на НАТО како „повисок партнер“ и без членство во оваа алијанса, изјави поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев.

Нашиот став им е познат на Украинците: ако постои таква желба, придружете се, би било чест да ни биде понудено членство. Се чини дека и Европејците сега навистина ја сакаат Украина, рече заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Има само еден проблем: искуството од последните години со Црна Гора и Македонија покажува дека влезот во ЕУ се случува само преку НАТО – рече Медведев.

Тој потсети дека станува збор за меѓузависни организации, но „во европски рамки, политички коректни, партнери“.

Во исто време, продолжи тој, Вашингтон е „главниот“ во НАТО, а самата алијанса во односите со ЕУ е „постар партнер, позрел, роден во 1949 година, за разлика од сè уште младата, 30-годишна Европска унија.

Значи, и Брисел во целина е под команда на Вашингтон, иако Брисел не сака да го признае тоа. И затоа се поставува прашањето: што е со ЕУ без членство во НАТО? Без согласност на „постариот“ партнер и приклучување кон Алијансата? Нема одговор – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.