Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, сигурно ќе победи на изборите, само ако не биде убиен.
Сигурно ќе победи. Само ако не биде убиен, напиша Медведев на својот профил на социјалната мрежа Икс и прикачи слика од Трамп, кога беше формално уапсен во август 2023 година.
На 13 јули, Трамп преживеа обид за атентат за време на неговиот предизборен митинг во Пенсилванија, при што беше ранет. Се здобил со полесна повреда, куршум му го пробил десното уво.
Во престрелката едно лице е убиено, а две се ранети. Атентаторот беше убиен од офицери на американската тајна служба, која е посебно одговорна за заштита на највисоките државни функционери.
ФБИ го истражува пукањето на митингот на Трамп како можен терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.