Поранешниот руски претседател и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Медведев денеска тврдеше дека испораката на оружје на Запад за Киев може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа.
Во авторски текст за рускиот весник „Известија“, Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници да ѝ помогнат на Украина со испраќање на оружјето што му е потребно на Киев за да се одбрани од руска инвазија.
Медведев, инаку заменик на рускиот совет за безбедност, битката во Украина ја опиша како егзистенцијална битка за опстанок на Русија и рускиот народ.
Се разбира, испраќањето оружје може да продолжи и со тоа да се спречи секаква можност за заживување на преговорите, напиша Медведев.
Токму тоа го прават нашите непријатели. Тие не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до целосно фијаско. Пораз за сите. Колапс. Апокалипса каде што можете да заборавите на вашите поранешни животи, додека урнатините не престанат да емитуваат радијација, се закани тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.