Русија сѐ уште не го искористила целиот воен арсенал на можни средства за уништување, изјави заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Тој забележал дека „во рутината на тешкото секојдневие и под влијание на не лесни воени одлуки почнале да се бришат постигнатите резултати оваа година“, кои се исклучиво важни за Русија и нејзините граѓани, па решил да ги потсети на нив.
– Сакам да ве потсетам дека Русија, од причини кои се очигледни за сите разумни луѓе, сè уште не го искористила целиот арсенал на можни средства за уништување. И не ги гаѓаше сите можни непријателски цели лоцирани во населени места. И не само поради нашата вродена човечка добрина. Се во свое време, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Тој исто така додаде дека Русија за време на борбите се труди максимално да ги зачува животите на своите војници и цивили, додека противникот не се грижи за животот на својот народ, а тоа ја одразува големата морална разлика меѓу двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.