Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, изјави дека Москва би можела да употреби нуклеарно оружје и против земја која користи само конвенционално оружје.

Русија има околу 6.000 нуклеарни боеви глави – најголемите залихи на нуклеарно оружје во светот. Медведев денеска изјави дека има четири случаи во кои Русија би можела да употреби нуклеарно оружје, пишува Гардијан.

Во денешното интервју, Медведев рече дека руската нуклеарна доктрина не бара од непријателската држава прва да користи такво оружје.

– Имаме посебен документ за нуклеарно одвраќање. Овој документ јасно укажува на основата на која Руската Федерација има право да користи нуклеарно оружје. Има неколку од нив, да ве потсетам: број еден е ситуацијата кога Русија е погодена од нуклеарна ракета. Вториот случај е каква било употреба на друго нуклеарно оружје против Русија или нејзините сојузници.

– Третиот е напад на критична инфраструктура што ќе ги парализира нашите нуклеарни сили за одвраќање. И четвртиот случај е кога е извршен акт на агресија против Русија и нејзините сојузници, што го загрозува постоењето на самата земја, дури и без употреба на нуклеарно оружје, односно со употреба на конвенционално оружје.

Медведев додаде дека постои „решителност да се брани независноста, суверенитетот на нашата земја, да не се даде никому причина да се сомнева ни најмалку дека сме подготвени да дадеме достоен одговор на секое нарушување на нашата земја, на нејзината независност



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.