Русија ќе одговори пропорционално на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и потпретседател на националниот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Сите го знаат одговорот: тоа ќе биде симетрично и деструктивно за билатералните односи. Кого казнија? Пред сè себеси, објави тој на Телеграм

Франција вчера соопшти дека ќе протера 35 руски дипломати поради инвазијата во Украина, а Германија посочи „значителен број“ руски дипломати кои се прогласени за непожелни.

Ако вака продолжи, ќе биде соодветно, како што напишав на 26 февруари – да се затвораат вратите на западните амбасади. Ќе биде поевтино за сите. И тогаш на крајот само ќе се гледаме еден на друг на никаков друг начин, освен низ нишани, наведе Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.