Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, рече дека ја разбира потребата Киев да бара авиони од сојузниците, но дека нема да имаат потреба од подморници.

Киевскиот режим наскоро ќе биде лишен од пристап до морето, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ги информациите дека Украина побарала подморници од Германија.

Претходно „Шпигел“ објави дека заменик министерот за надворешни работи на Украина Андреј Мелник побарал Германија да и испорача борбени авиони, воени бродови и подморници на Украина.

– Добро, авионите се некако разбирливи. Точно, практично немаат нормални писти, а ние го затворивме небото над Украина. Но, подморниците – навистина им требаат. Особено ако се земе предвид дека режимот во Киев наскоро ќе биде без излез на море. – рече тој иронично. заклучи Медведев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.