Маж од Флорида бил уапсен за време на медениот месец откако сред ноќ ја оставил сопругата да спие и заминал на средба со сексуална работничка.

34-годишниот Пол Туровски излегол од неговата хотелска соба во Тампа, каде неговата сопруга спиела, за да се сретне со проститутка која ја нашол на интернет. Меѓутоа, кога пристигнал во хотелот „Хајат“ каде што договорил да се сретне со проститутката, бил уапсен од локалната полиција за време на голема акција.

Канцеларијата на шерифот на округот Хилсборо (HCSO) потврди дека Туровски одговорил на огласот што го поставиле и се согласил да се сретне со жена на договорил да ѝ плати за секс, а за која не знаел дека е полицајка на тајна задача. По пристигнувањето во хотелот бил уапсен, а ќе следи и обинение.

Американските медиуми сè уште немаат информација за тоа дали Туровски сè уште е женет маж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.