Пет лица беа пронајдени мртви во дом во јужниот дел на Мериленд, откако претходно било пријавено пукање, соопштија властите.
Телата биле пронајдени во дом во Ла Плата, 35 милји јужно од Вашингтон, околу 16 часот по локално време, откако сведок повикал 911 за да го пријави пукањето, изјави портпаролката на полицијата Дајан Ричардсон.
Сите загинати во вооружениот напад биле полнолетни, пренесува Си-Ен-Ен.
Истрагата е во тек, а се наведува дека полицијата работи на утврдување дали убиените се поврзани.
Тамошните медиуми објавија дека маж пукал во неговата поранешна девојка и нејзиното семејство. Oсомничениот идентификуван како Андре Салес (28), влегол во куќата и убил четири лица пред да се застрела. Пукал во 21-годишната Сара која му била девојка, а ги убил и 48 годишната мајка на Сара и помалиот, и 18 годишниот брат.
Четвртата жртва е идентификувана како Џејвон Вотсон (23), но неговата врска со другите жртви не е јасна.
Петтото тело во куќата било на Андре
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.