Низ Молдавија се вршат масовни претреси на куќи на активисти од блокот „Победа“, јавуваат локалните медиуми. Според нив, причините не се официјално соопштени.
Опозицискиот политичар, Алексеј Лунгу објави фотографија од безбедносните сили како влегуваат во просториите на опозиските партии.
Службениците на антикорупцискиот центар облечени во маски, вооружени со автомати упаднаа во канцеларијата на блокот „Победа“ во Балти. Претреси се вршени не само во канцелариите, туку и во домовите на вработените. Остануваат само уште неколку дена до изборите. ПАС се обидува да не изолира: блокираат страници на социјалните мрежи, не влечат по судовите“, напиша тој.
На 20 октомври во земјата ќе се одржат претседателски избори и референдум за влез во Европската Унија.
Истовремено, пратеникот од опозицијата, Александар Суходолски, соопшти дека молдавските безбедносни сили спроведуваат рации во автономниот регион Гагаузија во домовите на оние чии деца заминале да студираат во Русија.
Полицискиот режим на Маја Санду сега влева страв кај обичните граѓани кои немаат врска со политика… Низ цела Гагаузија, родителите се во паника – режимот сака да ги прогласи нивните деца, кои се трудат да учат и да се развиваат, да бидат агенти на Кремљ.
Обидувајќи се да им служи на своите западни господари, Санду го изгубила разумот. Да се сомневаме дека децата работат за Москва е надвор од разум. Зошто таа нема слични поплаки за оние кои одат на програми за размена во САД, Романија и други земји од ЕУ?“, напиша тој на каналот Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.