Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање.

Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали.

Маск ова го напиша како одговор на објавата на левичарската американска политичарка Александрија Окасио-Кортез, која рече дека прекинот на комуникацијата со луѓето во Газа е неприфатливо и ги става на ризик новинарите, медицинските работници, хуманитарните напори и цивилите.

Бројни меѓународни организации изгубија контакт со нивниот персонал и партнери во Газа, вклучувајќи ги Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), Програмата за развој на ОН (УНДП), Светската програма за храна на ОН (WFP), Спасете ги децата и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

Палестинската телекомуникациска компанија претходно соопшти дека сите комуникациски и интернет услуги се во прекин поради бомбардирањето на израелската војска.

Израелската војска вчера соопшти дека ги проширува своите копнени операции во Појасот Газа против исламистичката милитантна група Хамас.

Старлинк обезбедува брз сателитски интернет во оддалечените области.

Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.