Еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск смета дека актуелната имиграциона политика на ЕУ води кон граѓанска војна во Европа.

Маск ги шокираше корисниците на социјалната мрежа X, кога ја искоментира објавата на британскиот политиколог Константин Кисин кој во светлото на судирот на Хамас и Израел, ја критикуваше имиграционата политика  на европските земји.

Кога гледате илјадници луѓе како ги слават убивањата и убиствата кои ги направија припадниците на забранетата терористичка организација, а полицијата во големите европски градови стои и гледа, знаете дека работите отидоа предалеку. А тоа се повеќе ќе се влошува! Постојано носиме се повеќе луѓе кои вака секојдневно размислуваат. Одбиваме да имаме разумна имиграциона политика која прифаќа луѓе со културни вредности кои одговааарат на нашите. Наместо тоа ја отвараме границата на сите кои се подготвени да влезат во чамецот, а го деминизираме секој политичар кој тоа се обидува да го запре. Набрзо илјадници луѓе кои „протестираат“, ќе станат десетици илјади. А како проблемот се влошува укажувањето на него и барањето акција, ќе стане се поопасно. Европа направи самоубиство, навел Кисин.

Сопственикот на Тесла и социјалната мрежа X веднаш се надоврза.

Граѓанската војна во Европа е неизбежна, ако продолжат моменталните трендови, напиша Маск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.