Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија „Неуралинк“, врз луѓе, да отпочнат во рок од шест месеци, откако претходно беа пропуштени роковите.
Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се погрижиме тоа да работи како што треба, пред да го ставиме уредот во човек. Но, мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓе – рече Маск за време на презентацијата.
„Неуралинк“ развива мозочни чипови дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсоновата, Алцхајмерова болест или деменцијата. Компанијата спроведе тестови на животни последниве години, додека чека одобрение за испитувања врз луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.