Извршниот директор на Тесла, Спејс икс и Твитер вреди 137 милијарди долари според индексот на милијардери на Блумберг, што е доволно за да се најде на второто место на листата на најбогати луѓе во светот, веднаш зад претседателот на ЛВМХ, Бернард Арно. Но, пред нешто повеќе од еден месец тој беше на првото место, а тогаш неговата нето вредност беше 340 милијарди долари. Овој податок го прави Маск првиот човек во историјата што изгубил 200 милијарди долари, објави Блумберг.

Најголем дел од ова е поврзано со Тесла, чии акции паднаа за 65 отсто во 2022 година. Побарувачката за „Тесла“ опадна откако минатата година се зголеми конкуренцијата во електрични возила од етаблираните производители на автомобили.

На својот врв, „Тесла“ вредеше повеќе од 12-те најголеми светски производители на автомобили заедно, иако имаше само мал дел од нивната продажба.

„Тесла“ ја заврши годината со вредност од 386 милијарди долари, што е сепак многу повисока од нејзината конкуренција, но многу помалку од технолошките титани како Епл, Мајкрософт, Гугл и Амазон во споредба со пред една година.

Си-ен-ен предвидува дека акциите на „Тесла“ би можеле да закрепнат и Маск повторно да стане најбогатиот човек на светот. Но, неговата репутација како гениј претрпе сериозна штета, речиси колку и неговото лично богатство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.