По распадот на германската владејачка коалиција на социјалдемократи, либерали и зелени, американскиот милијардер Илон Маск го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала

Маск на неговата мрежа Х напиша „Олаф е будала“ (Olaf ist ein Narr).

Маск беше голем приврзаник на републиканецот Доналд Трамп во кампањата за негово враќање во Белата куќа.

Тој донираше над сто милиони долари во неговата кампања, а неговите политички ставови во последните години станаа уште подесничарски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.