Најмалку 43 затвореници се убиени во судир меѓу ривалски банди во затвор во еквадорскиот град Санто Доминго.

Министерот за внатрешни работи Патрисио Кариљо на прес-конференција изјави дека група затвореници излегле од ќелиите и нападнале друга група во затворот Белависта во Санто Доминго, околу 70 километри јужно од Кито, главниот град на Еквадор.

Очигледно е дека оние што ги загубија животите се убиени со ножеви. Повеќето од телата ги имаа тие карактеристики – соопшти Кариљо.

Според него, откако полициските тимовите помогнале да се врати контролата над затворот, пронајдено е огнено и друго оружје, како и експлозиви.

Полицискиот командант генерал Фаусто Салинас, за телевизијата Телеамазонас, соопшти дека 40 затвореници биле вратени во затвор додека се обидувале да побегнат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.