Најмалку 22 лица загинаа, а 50 до 60 се ранети во масовно пукање што се случи во средата во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе полициски извори.
Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка.
Централниот медицински центар Левистон соопшти дека реагира на масовното пукање и дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти.
„Сан журнал“, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Левистон, објави дека има пукотници во три различни установи, вклучително и ресторан.
За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.