Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, денеска се обрати со писмо до вработените во „Мета“ и најави 11.000 отпуштања.

Денес со вас споделувам некои од најтешките промени што ги направивме во историјата на Мета. Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13 отсто и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени, соопшти Закерберг во писмо испратено до вработените во „Мета“.

Исто така, преземаме голем број дополнителни чекори за да станеме поефикасна компанија со намалување на трошоците и продолжување на одлуката за замрзнување на нови вработувања и во првиот квартал, додал Закерберг во писмото.

Закерберг на тој начин ги потврди шпекулациите за драстични намалувања на компанијата која претрпе огромна загуба на пазарната вредност и пад на приходите со 70 отсто пад на вредноста на акциите.

„На почетокот на пандемијата, светот брзо се движеше онлајн, а бранот на е-трговија доведе до огромно зголемување на приходите. Многу луѓе предвидуваа дека ова ќе биде трајно забрзување што ќе продолжи дури и по завршувањето на пандемијата. И јас самиот, па донесов одлука за значително зголемување на инвестициите. За жал, ова не се одигра како што очекував. Не само што онлајн трговијата се врати на претходните трендови, туку и макроекономскиот пад, зголемената конкуренција и губењето на реклами предизвикаа нашите приходи да бидат многу помали отколку што очекував. Направив грешка и ја преземам одговорноста за тоа, напиша Закерберг во писмото до вработените во Мета.

Тој најави дека отпуштените работници ќе добијат отпремнина (16 недели основна плата плус две дополнителни недели за секоја година стаж и покриено здравствено осигурување за нив и нивните семејства во период од половина година).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.