Мариупол е под оган и му треба воена помош – вели градоначалникот на овој град Вадим Бојченко.

Југоисточниот град се соочува со интензивно гранатирање во последните неколку дена додека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата.

Градоначалникот сега упати итен повик за воена помош. Тој вчера изјави дека во градот владее „хуманитарна катастрофа“ поради интензивните бомбардирања.

Мариупол е без вода, греење и струја, а храната е при крај, рече тој.

Градот е од стратешко значење за Русија, бидејќи тие се надеваат дека ќе ги поврзат источните региони Луганск и Доњецк со Крим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.