Малта денеска од Република Македонија го презема едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а претседавањето ќе го врши шефот на дипломатијата Јан Борг.
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи на 1 декември, на крајот од 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, изјави дека одлуката за претседавање на Малта е донесена едногласно.
Борг ја истакна подготвеноста на Малта да го преземе претседателството.
Едногласната одлука на сите 57 земји-членки е доказ за нашата заедничка посветеност да продолжиме да ја зајакнуваме нашата организација и, и покрај сите предизвици со кои моментално се соочуваме, да обезбедиме оваа организација да остане силна. ОБСЕ е создадена врз заеднички принципи и вредности. Тоа е инклузивна платформа за ефективен дијалог и ќе се погрижиме да ја зајакнеме, рече Борг.
ОБСЕ, чие седиште е во Виена, е основана во 1973 година и е најголемата меѓувладина безбедносна организација во светот со 57 земји членки и 11 земји партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.