Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека француската Влада ќе одвои две милијарди евра за намалување на даноците за средната класа.

Побарав од Владата да излезе со предлози, за две милијарди евра, кои ќе се фокусираат на средната класа -рече Макрон во интервју за TF1.

Тој посочи дека две милијарди евра ќе бидат дел од буџетскиот план до 2027 година.

Побарав од Владата да работи на тоа, но не сакам да ја затворам вратата овде бидејќи можеби има паметни работи што треба да се направат во однос на давачките што ги плаќаат, придонесите што ги плаќате кога сте вработени – рече Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.