Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека церемонијата на отворањето на Олимписките игри на Сена ги направила Французите „исклучително горди“ и нагласи дека таа претставувала вистински „безбедносен потфат“.
-Синоќешната церемонија му подари на целиот свет извонреден спектакл, единствен во светот и во историјата на Игрите и верувам дека нашите сонародници ги направи исклучително горди, рече Макрон и посочи дека се работи за „голем спектакл кој го приредиле уметниците и спортистите“.
Францускиот претседател исто така им честиташе на безбедносните сили за време на Олимпијадата, поздравувајќи ја нивната „вонредна мобилизација“.-Сакам да ви ја пренесам благодарноста на нацијата, мојата благодарност, да ви кажам дека тоа не би било можно без вложувањата и работата што успеавте да ги направите во последните години и вашиот извонреден ангажман и решителност, рече Макрон при посетата на информативно-командниот центар на управата на полицијата во Париз.
Овие Игри се можни бидејќи има вкупно 250,000 припадници на внатрешните безбедносни сили кои летото ќе го поминат штитејќи и надгледувајќи, рече Макрон.
Само на синоќешното отворање беа ангажирани околу 45,000 полицајци и жандарми, што е огромна бројка за јавен настан.
Олимписките игри траат до 11 август, а потоа следуваат Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.