Франција и нејзините сојузници ќе одлучат за санкциите против Русија „за агресијата, за која таа е одговорна“ и тие ќе се однесуваат на „воената индустрија, економијата и енергетиката“, истакна претседателот Емануел Макрон во говорот во Елисејската палата.
Нема да бидеме немоќни во донесувањето одлуки на состанокот на Г7 и на Европскиот совет вечерва, додаде претседателот, предупредувајќи ги Французите дека овој „воен акт“ ќе има „големи и трајни последици за нашите животи и геополитика на нашиот континент“.
Владимир Путин „одлучи да го изврши најлошиот удар врз мирот и стабилноста на нашата Европа во последните децении“, додаде францускиот претседател, зад кој стоеше украинското знаме, заедно со француското и европското.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.