Претседателот на Франција,  Емануел Макрон изјави дека бунтот на приватната воена формација „Вагнер“ против военото раководство на Русија покажува, како што наведе, „поделби во рускиот табор“ и укажува на кревкоста на руските вооружени сили.

Макрон за денешното издание на дневниот весник „Прованс“, по повод случувањата во Русија, истакна дека треба да се биде внимателен бидејќи ситуацијата се уште се развива.

Но, тоа ги покажува поделбите што постојат во рускиот табор, кревкоста и на нејзината армија и на нејзините помошни сили, како што е групата „Вагнер“, посочи Макрон.

Тој додаде дека настаните во Русија ги следел „од час во час“.

Поради сето тоа треба да бидеме внимателни и целосно да се оправда поддршката што им ја даваме на Украинците во нивниот отпор, истакна Макрон за марсејскиот весник пред денешната посета на тој град на југот на Франција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.